Почина Сезар Луис Меноти, човекот со кој Аргентина го освои СП 1978

285

Легендарниот Аргентинец Сезар Луис Меноти почина во 85-тата година од животот. Поранешниот селектор на Аргентина кој ја освои светската шампионска титула во 1978 година вепе и поранешен тренер на Барселона и Атлетико Мадрид.

Меноти почина по долго боледување кое го оттргна и од јавниот живот во последните месеци.

Смртта официјално ја објави АФА, Фудбалската федерација на Аргентина, каде легендарниот „Ел Флако“ до неодамна беше директор на репрезентацијата.

ПретходноНапаѓачот на Ливерпул пред шокантен трансфер?!
СледноОсвојувачот на Австралија Опен не знае дали ќе може да игра на Ролан Гарос