Нашиот млад репрезентативец Лука Станковски со асистенција ја потврди победата на неговиот тим Тузласпор во денешниот дуел од 33. коло на турската Втора лига. Тузласпор извојува победа од 2:0 на гостувањето кај Сакаријаспор и со тоа ги засили шансите за опстанок во второлигашката конкуренција.
Асистенцијата на Лука Станковски дојде во 96. минута кога гостите со вториот погодок го потврдија триумфот на ова гостување.
🇹🇷 Goal: Sadık Baş | Sakaryaspor 0-2 Tuzlaspor pic.twitter.com/UUgnuandb8
— FootColic ⚽️ (@FootColic) May 5, 2024