Рајо и Столе поразени на домашен терен

256

Екипата на Рајо Ваљекано беше поразена во вечерашниот натпревар против екипата на Алмерија во шпанската Ла Лига со резултат 0:1. Нашиот репрезентативен голман Столе Димитриевски не успеа да ја зачува својата мрежа и Рајо го забележа 14-тиот сезонски пораз.

Единствениот гол на натпреварот го постигна Лозано во 30-тата минута и и донесе втор триумф на Алмерија оваа сезона. Алмерија е убедливо последна на табелата и од следната сезона ќе настапува во втората лига, додека пак Рајо грчевито се бори за опстанок и во моментов се наоѓа на 16-тата позиција и има 8 бодови повеќе од позицијата која води во втора лига.

На вториот натпревар вечерва, Севиља со 3:0 ја совлада екипата на Гранада. Стрелци на головите беа Акуња, Ен Несири и Лукебакио. Севиља е на 12-тата позиција на табелата, а Гранада се наоѓа на 19-тата позиција и како што изгледа следната сезона ќе игра во втората

ПретходноРома и Јуве ги поделија бодовите во дербитo за место во ТОП-4
СледноСтефан Ристовски се огласи по бројните навреди: Ја загубивте сета моја почит!