Стефан Ристовски се огласи по бројните навреди: Ја загубивте сета моја почит!

16846
Фото: Стефан Ристовски/Инстаграм

Со неверојатен пресврт во дербито од 33. коло во хрватскиот шампионат, Динамо ја совлада Ријека со 2:1 и сега на три кола до крајот има четири бода повеќе.

По натпреварот на Инстаграм се огласи поранешниот македонски репрезентативец, Стефан Ристовски. Десното крило на Динамо и поранешен фудбалер на Ријека, со кој беше и шампион на Хрватска, трпеше свирежи при секој допир со топката, а имаше и навреди кон него. Навивачите на Ријека често ја пцуеја неговата мајка, а бидејќи Ристовски неодамна ја загуби, тие зборови очигледно силно го погодија.

„Не ве мразам, но го загубивте целата моја почит. Семејството е над фудбалот. Над се! #затебемајко“, напиша тој во објавата.

ПретходноРајо и Столе поразени на домашен терен
СледноСензација во Мајами: Норис за првпат победи на трка во Формула 1 (ВИДЕО)