Сензација во Мајами: Норис за првпат победи на трка во Формула 1 (ВИДЕО)

276

Лалндо Норис ја освои трката во Формула 1 за прв пат во кариерата Возачот на Мекларен беше најбрз на Големата награда на Мајами, повеќе од седум секунди пред второпласираниот Макс Верстапен, кој не успеа да стигне до својата петта победа во шестата трка на сезоната.

Верстапен имаше пол-позиција и го задржа водството до 24. круг, кога влезе во бокс за да ги смени гумите. Немаше среќа бидејќи само пет круга подоцна безбедносното возило излезе на патеката по судирот меѓу Кевин Магнусен и Логан Сарџент, а Норис го искористи за да изгуби помалку време за менување гуми и така се врати на патеката пред Верстапен. Норис во брзиот Мекларен ја задржа таа предност со одлично возење, кое само растеше до крајот на трката.

Зад Норис и Верстапен подиумот го надополнија Шарл Леклер во Ферари, додека во топ 10 се најдоа уште и: Сајнц, Перез, Хамилтон, Цунода, Расел, Алонсо и Окон.

ПретходноСтефан Ристовски се огласи по бројните навреди: Ја загубивте сета моја почит!
СледноБекам во голема мисија – сака да ги спои Роналдо и Меси!