Џенова двапати водеше на „Сан Сиро“, па на крајот спаси бод (ВИДЕО)

62

Фудбалерите на Милан и Џенова одиграа меч со шест гола и на крајот завршија со поделба на бодовите. Средбата од 35. коло на Серија А заврши нерешено – 3:3.

Гостите двапати водеа, но на крајот мораа да се задоволат со еден бод, затоа што можеа да останат и без него, со оглед на тоа што Милан водеше со 3:2 до 87. минута.

Џенова поведе во четвртата минута со гол од пенал, кој го постигна Матео Ретеги. Милан стигна до израмнување пред самиот одмор. Алесандро Флоренци погоди со глава за 1:1.

Само што започна вториот дел, гостите повторно поведоа, овој пат со голот на Калеб Екубан. Милан успеа во рок од само три минути да направи целосен пресврт. Прво, Матео Габија погоди за 2:2, а Жиру потоа погоди и за 3:2.

И кога се чинеше дека „росонерите“ ќе ги освојат трите бода, младиот дефанзивец Малик Цау постигна автогол за конечни 3:3.

ПретходноМомците на Алонсо не знаат за доста, го декласираа и Ајнтрахт во Франкфурт
СледноСолзавец и пиротехника: 155 полицајци повредени на меч од Регионалната лига во Германија (ВИДЕО)