Меритон Гега: Убаво е чувството да се победи на првиот меч како прв тренер на Струга ТЛ!

250

Струга ТЛ вчера на свој терен со 1:0 успеа да го победи Гостивар и тоа со голот на Радески, и со тоа да остане во трката за нова титула. Ова беше прв меч на клупата како прв тренер на тимот за Меритон Гега, кој до пред некој ден му беше помошник на Шпетим Дуро, кој доби отказ по слабите игри и резултати на тимот во последните неколку кола.

Интересно е тоа што Гега своето деби го имаше против Гостивар, клуб од градот каде што тој е роден:

Беше тежок натпревар. Добро го започнавме, но црвениот картон на Укпа ни ја уништи стратегијата и затоа моравме да се браниме. На крајот сметам дека заслужено ги освоивме тие три бода. Убаво е чувството да се победи на првиот меч како прв тренер на Струга ТЛ. Играчите беа на вистинско ниво, го одработија тоа што се договоравме и јас им честитам на она што го покажаа на теренот“ рече покрај другото Гега.

ПретходноДон Флорентино стана најтрофејниот претседател на Реал, го надмина и Сантијаго Бернабеу! (ФОТО)
СледноИнзаги: Жалиме за нашите навивачи!