Митревски со 14 одбрани и победа против Талески

486

Македонското дерби во Португалија повторно заврши со победа на Порто и Никола Митревски. Тимот на македонскиот репрезентативен голман славеше со убедливи 34-29 на гостувањето кај Бенфика на Филип Талески.

Митревски блескаше и на оваа средба. Зад своето име запиша 14 интервенции. На другата страна Талески беше стрелец на три гола од шест обиди.

За Порто ова е четврта победа во плеј-офот во исто толку одиграни меча, се наоѓа на второто место на табелата со 41 бод, зад лидерот Спортинг. Бенфика е трета со 35 бода.

И двајцата репрезентативци се враќаат во Македонија, Талески ќе се приклучи денеска на подготовките за бараж двомечот против Ф.Острови за место на СП 2025 година, додека Митревски веќе утре ќе му биде на располагање на селекторот, Кирил Лазаров.

ПретходноЈокиќ и Денвер паднаа на првиот меч, Едвардс му даде 43 поени на првакот (ВИДЕО)
СледноВерстапен со пол-позиција во Мајами