Има милиони, ама неговиот син работи во фотокопирница: „Можам да му купам Ферари, но не сакам!“

666

Габриел Омар Батистута во свое време секако дека беше најдобар центарфор во светот. Легендарниот Аргентинец беше страв и трепет за голманите кога тој играше во Фиорентина, Рома, Интер, секако и во дресот на “Гаучосите“.

Јасно е дека заработи тешки милиони, но тој и неговото семејство живее доста мирен и не така спектакуларен живот.

Батигол има четворица синови, а најмалиот од нив, Хоакин, работи во фотокопирница. Причината е што легендата не сака да ги финансира своите деца:

Мојот син Хоакин работи во фотокопирница. Луѓето велат дека е срамно што синот на Батистута работи во фотокопирница, но јас не мислам така. За мене тоа што моите деца работат е добро зошто со тоа им се дава достоинство. Секако дека без проблем би можел да му купам Ферарим, но не сакам. Мислам дека секогаш кога ќе влезе во Ферарито ќе знае дека не е негово, не знам колку таа негова среќа би траела“ посочи строгиот родител.

ФОТО: Instagram

ПретходноУнион Берлин му врачи отказ на Бјелица!
СледноПознати се судиите за двата меча во баражот за СП меѓу Македонија и Ф. Острови!