Познати се судиите за двата меча во баражот за СП меѓу Македонија и Ф. Острови!

472

Германки ќе ни судат во Торшавн, додека во Скопје ќе судат Турци. Ова е одлуката на ЕХФ во пресрет на одигрување на двата меча во баражот за пласман на СП 2025 во ракомет меѓу Македонија и Ф. Острови.

На мечот кој се игра во среда во Торшавн од 20 часот, правдата ќе ја дела Германките Мајке Мерц и Тања Кутлер. Додека на реваншот кој се игра во Скопје на 12 мај со почеток во 19 часот, судии ќе бидат Курсат Ердоган и Ибрахим Оздениз од Турција.

ПретходноИма милиони, ама неговиот син работи во фотокопирница: „Можам да му купам Ферари, но не сакам!“
СледноФОТО НА КОЛОТО: И “Кукуш“ во Турново беше преполн!