Кога се игра дербито на Истокот меѓу Брера и Брегалница, а посебно кога струмичани играат во одлична форма, нормално е оваа средба да предизвика голем интерес. Така беше и во саботата кога во меч од 31.коло Брера и Брегалница одиграа 1:1.
Трибината на стадионот “Кукуш“ во Турново беше преполна, ова дерби се одигра во супер атмосфера.
За жал на штипјани, со ова реми Брегалница и дефинитивно испадна од Прва лига.