Новак Ѓоковиќ и натаму недопирлив, својот 37-ми роденден ќе го прослави на тронот!

1367

Новак Ѓоковиќ денеска ја започна 424-та недела на врвот на АТП листата, веќе 8,13 години е најдобар тенисер во светот.

Иако не беше на Мастерсот во Мадрид, српскиот тенисер ја задржа предноста во однос на најблискиот следбеник Јаник Синер, таа разлика сега е 1.130 поени.

Новак е на првото место со 9.990 бодови, додека Синер е втор со 8.860.

Новак ќе биде прв на АТП листата најмалку до 10 јуни, со оглед на тоа што Јаник Синер нема да настапи на Мастерсот во Рим поради повреда на колкот, па тоа значи дека математички никој дотогаш нема да може да го престигне Новак.

Со откажувањето од Италијанецот, Ѓоковиќ обезбеди останување на самиот врв на светскиот тенис вкупно 428 недели. Тој ќе остане на врвот на АТП листата и после неговиот 37 роденден.

Карлос Алкараз е во пад, а шпанскиот тенисер е на третото место со 7.345 бодови. Даниил Медведев остана четврти со 7.195 бодови, а Александар Зверев на петтото место со 5.435, додека шампионот на Мастерсот во Мадрид, Андреј Рубљев напредуваше две позиции и сега е шести со 4.740 бодови.

ПретходноУште еден тренер го одби Баерн Минхен!
СледноАлегри: Имаме малку за жалање, во фудбалот нема милост!