Предводникот на Јувентус, Масимилијано Алегри, смета дека неговиот тим можел многу подобро да се претстави во сезоната 2023/2024. Ова го изјави по ремито 1:1 против Рома во рамките на 35. коло во италијанската Серија „А“.
„Има малку жалење бидејќи можевме подобро. Понекогаш фудбалот не познава милост. Еден момент се оди добро, а во другиот не. Кога главната цел ќе исчезне – иако знаевме дека Интер е јасно посилниот тим – тогаш, по правило, се спуштате“, рече Алегри.
Juventus haven’t won a match in Serie A in 105 days now… 2 wins in their last 15 matches 🤦🏻♂️ pic.twitter.com/MLxRZFIzK4
— 🎥 The AJC 🏳️🏴 (@The_AJC_) May 5, 2024
На три кола пред крајот на сезоната Јувентус е трет, а доколку загуби од Болоња во претпоследниот натпревар од сезоната може да го загубат третото место. Утеха за момците на Алегри може да биде доколку го освојат Купот на Италија на 15 мај (среда) против екипата на Аталанта.