Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, проговори по победата против екипата на Тотенхем со 4:2 во средбата од 36. коло на англиската Премиер-лига. Тренерот на „црвените“ беше задоволен од прикажаното, бидејќи според него играчите до успехот стигнале со одредена присебност.
„Во моментов сме на третото место во поредокот и веројатно нема да можеме да го промениме тоа на еден или на друг начин. Сепак, сакавме да победиме, и на Тотенхем му требавме повеќе од победата, бидејќи успехот ќе ја доближеше Астон Вила. „Енфилд“ денеска беше посебно место. Во еден момент водевме со 4-0, но потоа ја загубивме нишката и Тотенхем покажа дека може да биде многу добар. Сепак, бевме добри во секој аспект од нападот, играчите добро додаваа. Тие останаа мирни, имаше толку многу добри работи, уживав во играта“, изјави Клоп.
Jurgen Klopp:
“This is a very, very special club. I didn’t make them (the fans) believe, I reminded them that it helps when you believe.”
— This Is Anfield (@thisisanfield) May 5, 2024
На две кола пред крајот Ливерпул заостанува четири бода зад врвот и ќе ги загубат дури и теоретските шанси за титулата доколку тимот на Манчестер Сити го победи тимот на Фулам во претстојниот натпревар. На крајот на сезоната, Клоп ќе го напушти Градот на Битлси, каде што ја мина последната деценија и му ја донесе првата титула на клубот во ерата на Премиер-лигата.