Енрике за можната елиминација на ПСЖ од ЛШ: Секогаш гледате негативно

315

Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, одговори на прашањето на новинарите што понатаму при евентуален пораз во полуфиналето од Лигата на шампионите. Цитирано од шпанскиот RMC Sport, Енрике одговори:

„Тоа е многу „шпанско“ прашање. Секогаш го гледате негативното. Животот продолжува. Сонцето ќе изгрее, а кога сонцето е во Париз, секогаш е прекрасно.
Како спортисти, му аплаудираме на противникот дури и ако не го заслужува тоа.
Ќе му честитаме на противникот, па дури и да бидеме очајни, со гордост ќе кажеме: „Ќе се вратиме и ќе го повториме тоа следната сезона“, изјави Луис Енрике.
Реваншот помеѓу ПСЖ и Борусија Дортмунд ќе се одигра на 7 мај.

На првиот меч Борусија победи со 1:0.

ПретходноУНИКС славеше на првиот полуфинален дуел, Димитријевиќ пак меѓу најдобрите
СледноЛеверкузен за 26 мај ја закажа шампионската забава!