УНИКС славеше на првиот полуфинален дуел, Димитријевиќ пак меѓу најдобрите

205

Уникс Казан славеше победа над Локомотив Кубан со 78:75 на првиот полуфинален меч од ВТБ лигата. На полувреме Уникс имаше убава предност од 38:25, но во следните две четвртини Локомотив беше многу подобар, сепак, не ја загрози победата на Уникс.
Македонскиот интернационалец Ненад Димитријевиќ мина 32 минути на паркетот и постигна 16 поени што е втор најдобар поентер на мечот по соиграчот Ерик Грин со 19 поени.
Нено имаше скромен учинок, а не му одеше шутот затоа што погоди една тројка од девет обиди, но запиша шест асистенции – најмногу во својот тим, беше речиси перфектен од линијата за слободни фралања (6/7), притоа погодувајќи четири слободни фралња во последните 30 секунди од средбата.
Следниот меч Уникс повторно го игра на свој терен на 8 мај, потоа серијата се сели кај Локомотив.

ПретходноЛазаров со 21 ракометар во Торшавн
СледноЕнрике за можната елиминација на ПСЖ од ЛШ: Секогаш гледате негативно