Се ближи денот на првата пресметка меѓу репрезентациите на Фарски острови и Македонија во бараж за пласман на Светското првенство во Хрватска, Данска и Норвешка во јануари 2025.
Македонската експедиција утре заминува во Торшавн, Фарските Острови. Ќе се патува со чартер до саканата дестинација, селекторот Кирил Лазаров нема да мора да го крати списокот и дел од екипата да остане во Скопје, туку сите 21 ракометар ќе бидат дел од тимот и во Торшавн и во Скопје. Јасно, на ден на натпревар петмина ќе мора да отпаднат, но ќе останат до последен момент сите во комбинација.
Првиот меч ќе се игра во Торшавн на 8 мај, реваншот е на 12 мај во Скопје, во салата „Борис Трајковски“.