Во среда од 21 часот на “Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид цел фудбалски свет ќе проследи вистински спектакл. Ќе се игра реваншот од полуфиналето во Лигата на Шампионите меѓу Реал Мадрид и Баерн Минхен. На првиот меч во Минхен резултатот беше 2:2.
Дека се очекува голема битка тоа е факт, а се да мине во најдобар ред, барем што се однесува до судењето ќе се погрижи најдобриот меѓу судиите, а тоа е Шимон Марчињак од Полска. Да се потсетиме дека овој судија го водеше и она епско финале меѓу Аргентина и Франција на последниот Мундијал во Катар.