Договорот на Ненад Димитријевиќ и Олимпија Милано ќе биде на две години!

1267

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ следната сезона ќе го носи дресот на Олимпија Милано. Најдобриот македонски кошаркар стана мета на многумина клубови во Европа, а одлучи својата кариера да ја продолжи во дресот на Олимпја Милано со кого неофицијално, според италијанските медиуми потпишал двегодишен договор, прашање е на време кога оваа информација ќе добие официјална потврда.

Нено со своите игри оваа, но и минатата сезона покажа дека е време да направи чекор напред во својата кариера, поточно дека е време за Евролига.

Италијанскиот клуб ќе прави реконструкција на тимот, а Димитријевиќ ќе ја има улога на прв плејмејкер, еден од деталите на договорот. Тој ќе биде второ засилување на италијанскиот тим за следната сезона по Џош Нибо, а во тимот е Никола Миротиќ, кој има договор на уште една година.

Димитријевиќ својата професионална кариера ја започна во Хувентуд, играше во Валенсија, по што замина во Уникс Казан каде го покажа сиот свој потенција. Тој потекнува од „Јуниор“, најголемата школа за кошарка која некогаш постоеше во Македонија.

Денеска ја почнува полуфинална серија во ВТБ-лигата, во која со својот тим ја брани титулата.

Олимпија Милано и Ненад Димитријевиќ својата промоција најверојатно ќе ја направат на крајот на сезоната.

ПретходноКлоп: „Енфилд“ беше посебно место!
СледноПознато е кога НБА-лига ќе го додели признанието МВП