ТИМ И ИГРАЧ НА 31.КОЛО: Маестралниот Цаке го замолкна Чаир

541

Клисман Цаке во саботата на Чаир веројатно го одигра својот меч на  кариерата. Стоперот на Шкендија го имаше секаде на теренот, не само што го постигна првиот гол за тетовци, туку и во одбраната беше непогрешлив, едноставно маестрален. И кога твојот тим ќе победи во едно супер – дерби и тоа на гости со 0:2, а ти си најдобар на тој меч, тогаш секако дека без дилеми си и играч на 31.коло, барем според “СпортСпорт“.

Покрај Цаке од Шкендија во тимот на колото се и Талески, Красниќи и Адеми. Од Струга ТЛ тука се Незири, Шабани и Радески, од Работнички во тимот на колото се Дејли и Мазари, тука се и Кочоски од Воска и Ѓуриќ од Вардар.

 ИГРАЧ НА КОЛОТО

 КЛИСМАН ЦАКЕ

 Тим: Шкендија

 Роден: 02.05.1999 во Албанија

 Кариера: Тирана, Струга ТЛ, Шкендија

ПретходноАнти – секс креветите пристигнаа во Олимпиското село во Париз! (ФОТО)
СледноЈунајтед според поседот на топката е десетти во Премиерлигата!