Фудбалерите на Манчестер Јунајтед се убедени дека менаџерот на тимот Ерик тен Хаг ќе добие отказ по завршувањето на оваа сезона, која ја сметаат за комплетен неуспех.
Воедно, според изворот на весникот „Дејли Меил“, холандскиот стручњак дефинитивно нема да добие отказ пред финалето на ФА Купот со Манчестер Сити кое ќе се одигра на 25 мај.
По 35 кола од англиската Премиер лига, „црвените ѓаволи“ освоија 54 бода и моментално го заземаат осмото место.