ЛШ: ПСЖ погодуваше пречки, Борусија (Д) визираше место во финалето во Лондон (ВИДЕО)

345

По 2013 година, Борусија (Д) ќе игра уште едно, за нив трето финале во најсилното европско натпреварување, Лигата на шампионите на УЕФА. Вечерва на гостувањето во Париз, со многу среќа, момците на Един терзиќ направија уште едне чекор кон историјата, победувајќи против ПСЖ со 1:0 во меч во кој домашните само во второто полувреме четири пати ја погодија пречката и стативата од голот на Кобел.

Ако во првиот дел гледавме скоро израмнета партија (барем по бројот на шансите) во вториот дел ПСЖ тргна моќно, па уште во втората минута Заире-Емери ја погоди стативата од голот на Кобел. За несреќата да биде поголема, само три минути потоа, во 50. минута Матс Хумелс со глава по едно одлично уфрлување од корнер го совлада Донарума и најави голема радост на „жолтиот ѕид“.

ПСЖ потоа фрли се на една карта – напад, додека Един Терзиќ со внесување на неколку дефанзивно ориентирани фудбалери реши да се затвори уште на 30 минути пред крајот на средбата. Тоа дозволи тотална офанзива на парижани кои во следниот период имаа уште четири големи шанси и сите завршија без реализација. Нуњо Мендез, Мбапе и Витиња по еднаш погодија во пречката или дирекот од гостинскиот гол, а имаше и неколку мешаници во шеснаесетникот на гостите кои ПСЖ не успеа да ги претвори во шанса за гол.

Борусија (Д) оддолеа на сите домашни напади и по пауза од 11 години, повторно ќе игра финале на најсилното европско клупско натпреварување. Интересно, по 11 години и ветераните во германскиот состав, Марко Ројс и Матс Хумелс повторно ќе тргнат во поход на европската фудбалска круна.

Претходно„Дејли Меил“: Во Манчестер Ј. сите знаат дека Тен Хаг ќе добие отказ
СледноЛегендата на Реал (М) доаѓа во Ал Наср кај Роналдо