„Дејли Меил“: Во Манчестер Ј. сите знаат дека Тен Хаг ќе добие отказ

195

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед се убедени дека менаџерот на тимот Ерик тен Хаг ќе добие отказ по завршувањето на оваа сезона, која ја сметаат за комплетен неуспех.

Воедно, според изворот на весникот „Дејли Меил“, холандскиот стручњак дефинитивно нема да добие отказ пред финалето на ФА Купот со Манчестер Сити кое ќе се одигра на 25 мај.

По 35 кола од англиската Премиер лига, „црвените ѓаволи“ освоија 54 бода и моментално го заземаат осмото место.

ПретходноРакометарите го одржаа вечерниот тренинг во Торшавн (ФОТО)
СледноЛШ: ПСЖ погодуваше пречки, Борусија (Д) визираше место во финалето во Лондон (ВИДЕО)