Македонската машка ракометна репрезентација веќе е во Торшавн, каде уште (20 часот) ќе ги одмери силите со Фарски Острови во рамките на бараж мечот за пласман на Светското првенство следната година.
Станува збор за противник кој е фаворит на првата средба, барем според букмејкерите. Фарски Острови беше сензација на минатогодишното ЕП, одигра нерешено против Норвешка, па оттука и покрај тоа што традицијата за ваквите пресметки е на наша страна, сепак домашниот терен им дава предност.
Според најискусниот во нашиот состав, Никола Митревски, важно е да бидат максимално фокусирани на двете средби.
„Против Фарски Острови е важно е да одиграме два добри натпревари и да бидеме маскимално фокусирани во текот на целиот меч“, кратко порача капитенот на македонската репрезентација, Никола Митревски.
На прашањето дали ја гледа Македонија на СП 2025 година, искусниот голман беше категоричен:
„Секако дека ја гледам Македонија на Светското првенство“.
Предводникот на нашиот национален тим, Кирил Лазаров поведе 21. ракометар за оваа средба, утре ќе одлучи со кој состав ќе настапи.