ОФИЦИЈАЛНО: Тијаго Силва се врати во Флуминенсе

202

Бразилскиот централен бек Тијаго Силва се врати во татковината и во иднина ќе го носи дресот на Флуминенсе. Искусниот фудбалер започна во младите категории на овој тим, но профи кариерата ја градеше во РС Фудбал, Хувентуд, Порто, Динамо Москва за од 2006 до 2009 година повторно да игра за Флуминенсе.
Од таму одите во Милан, па играше за ПСЖ, а од 2020 година за Челзи. По завршувањето на сезоната во Премиер лигата ќе се врати во Бразил и од наредната сезона ќе игра во бразилскиот шампионат токму во дресот на Флуминенсе.
Тијаго Силва со Флуминенсе потпиша двегодишен договор.

ПретходноМитревски верува во пласман на СП: Треба да бидеме максимално фокусирани!
СледноМакедонија у16 во финишот утна пенал за реми против Словачка (видео)