Нов шок за Јокиќ и Денвер, Минесота сега има 2:0 во серијата, Њујорк со триумф против Индијана! (ВИДЕО)

976

Зарем некој можеше да претпостави дека шампионот Денвер со најдобриот играч во светот, Никола Јокиќ, уште во полуфиналето од плеј – офот на Западот ќе биде пред елимининација. Но, ете, и тоа се случува. Утринава Минесота во вториот меч во Денвер како гостин успеа да слави со 106:80 и да поведе во серијата со 2:0. Уште пострашно е што сега серијата се сели во Минесота, па може да ги снајде и “метла“.

Успехот е уште поголем ако се знае дека гостите играа без Руди Гобер, кој не настапи на овој втор меч.

Јокиќ заврши со 16 поени, 16 скокови и 8 асистенции. Кај гостите Ентони Едвардс забележа 27 поени, два скока и 7 асистенции.

Во првиот меч од полуфиналето на Истокот, Њујорк ја победи Индијана со 121:117 и поведе во таа серија со 1:0.

Брансон кај Никси мечот го заврши со 43 поени, 6 скокови и исто толку асистенции.

ПретходноМеч со седум гола – Лил беше пред победа, но Лион во финишот ги однесе бодовите
СледноМинесота со фантастична одбрана го уништи Јокиќ, Мареј од гнев фрлаше предмети на паркетот! (ВИДЕО)