Меч со седум гола – Лил беше пред победа, но Лион во финишот ги однесе бодовите

239

Лил и Лион одиграа луд меч со седум гола во 32 коло на Лига 1. На крајот Лион славеше со 4:3.
Лил водеше со 2:0 на полувреме со голови на Диаките и Жегрова. Гол за надеж на Лион во 66 минута постигна Банрахма, а Фофана во 82 минута донесе изедначување. Нова предност на Лил во 85 минута донесе Диаките, а потоа фудбалерите на Лион стигнаа до победа.
Во 88 минута изедначи Лаказет (3:3), а во втората минута од судиското продолжение Балде погоди за славје на гостите.
Лил останува на четвртото место кое води во квалификациите за ЛШ. На третото место кое директно води во ЛШ, со два повеќе останува Брест.
Лион сега е во борба за Европа. Го држи седмото место со 47 бодови, два помалку од шестопласираниот Ленс.

ПретходноПалас му одржа лекција на Јунајтед – го демолира со 4:0
СледноНов шок за Јокиќ и Денвер, Минесота сега има 2:0 во серијата, Њујорк со триумф против Индијана! (ВИДЕО)