Познати паровите за полуфиналните дуели на Ф4 турнирите во ЛШ

142

Денеска во Виена се одржа ждрепката за двојките за полуфиналните дуели на завршниот турнир во ракометната Лига на шампионите во машка и женска конкуренција.

На завршниот турнир во Келн можно е да имаме и германско финале, откако двајцата германски претставници се разминаа во полуфиналната рунда.

Актуелниот бранител на титулата, Магдебург, во полуфиналето ќе игра против дански Алборг, додека во второто полуфинале ќе играат Кил и Барселона. Завршниот турнир во Келн ќе се одржи на 8 и 9 јуни.

Во женска конкуренција на Ф4 турнирот во Будимпешта (1 и 2 јуни) во првиот полуфинален меч ќе играат Есбјерг и Ѓер, додека во второто полуфинале ќе се соочат Битигхајм и Мец.

ПретходноУ14: Надежите на Шабани ремизираа со Словенија
СледноОдбиена жалбата на Нотингем, казната останува