У14: Надежите на Шабани ремизираа со Словенија

831

Младата фудбалска репрезентација на Македонија одигра нерешено 2:2 во интересен пријателски меч со селекцијата на Словенија

Избраниците на Неџат Шабани успеаја да направат пресврт во вториот дел, но не успеаја да слават. Словенците први поведоа со голот на Лељак Нејц во 54. минута, но нашите млади надежи брзо израмнија преку Крстевски само една минута подоцна.

Македонија успеа да направи целосен пресврт во 69. минута, кога по одличен центаршут на Стојчевски, Ристиќ погоди за водство од 1:2.

Словенците успеаја да се спасат од пораз со погодокот во 77. минута кој беше дело на Ѓуздановиќ.

ПретходноНаковски: Одбојкарите се и подобро подготвени отколку што очекував
СледноПознати паровите за полуфиналните дуели на Ф4 турнирите во ЛШ