Наковски: Одбојкарите се и подобро подготвени отколку што очекував

74

Македонската одбојкарска репрезентација во четврток ќе замине за Романија каде на 10 и 11 овој месец ќе одигра две контролни средби со тамошната селекција, како последна проверка на силите пред стартот на „Златната лига 2024“. Новиот селектор Хари Наковски во заислено темпо ги подготвува репрезентативците за првиот предизвик.

„Морам да признаам, малку изненадувачки, но одбојкарите се многу подобро подготвени од тоа што очекував со оглед на тоа дека само што ги завршија првенствата, а дел го направија тоа претходно. Двомечот со Романија ќе го искористиме за да направиме некоја подобра слика на овој тим. По враќањето ќе продолжиме да се подготвуваме во Струмица за дуелите со Естонија и Чешка кои не чекаат во првите кола. Нашите млади играчи се уште се далеку од квалитетот кој ни е поитребен, но овие средби ќе бидат добар показател за нивните можности и за тоа колку ќе можат да ни помогнат во продолжението од репрезентативните обврски. Здравствениот билтен е добар, освен за Лука Костиќ кој има мала повреда“, вели селекторот.

Македонија во „Златната лига 2024“ првиот меч ќе го одигра на 17 мај во Струмица против селекцијата на Естонија.

ПретходноМакедонија у16 во финишот утна пенал за реми против Словачка (видео)
СледноУ14: Надежите на Шабани ремизираа со Словенија