Футсал репрезентацијата во Топ 60 на ранкингот на ФИФА

196

ФИФА почна со рангирање на футсал репрезентациите во светот, а на првата ранг-листа во овој спорт на првото место се најде Бразил, пред Португалија, Шпанија, Иран и Аргентина.

Македонската футсал репрезентација се најде на 58.место на ова рангирање од вкупно 139 репрезентации.Нашиот национален тим има 1019,54 бодови. Веднаш зад нас се Соломонските острови, па Хондурас, Молдавија, Екваторијална Гвинеја, Косово…

Рангирањето е базирано на резултатите од над 4.600 натпревари меѓу националните селекции ширум светот, а ранкингот ќе биде користен и при утврдување на шеширите за квалификациите и за групната фаза од светските шампионати.

ЛИСТАТА НА ОВОЈ ЛИНК

ПретходноГРК Охрид се засили со Наум Костов
СледноАнчелоти: Сега уживаме во титулата, утре сакам фокусирање, Лунин пред Куртоа на голот…