ГРК Охрид се засили со Наум Костов

118

ГРК Охрид, по потписот на Кукулоски денеска официјализира уште еден трансфер, се работи за 23-годишното десно крило Наум Костов кој се враќа во матичниот клуб по сезона и пол помината во РК Аеродром и РК Куманово каде што прикажа одлични игри и беше лидер во овие тимови, а беше и избран за МВП на колото во повеќе наврати.

Со задоволство го прифатив повикот од тренерот и управата да бидам дел од клубот. Охрид е мој матичен клуб, каде започнав да играм ракомет и ги поминав сите младински категории, па така знам какво задоволство претставува да се игра пред домашната публика и Рибари. Се надевам на добра и успешна сезона“, изјави Костов.

ПретходноДали е ова најсовршениот изведен пенал во историјата?! (ВИДЕО)
СледноФутсал репрезентацијата во Топ 60 на ранкингот на ФИФА