„МВП, МВП, МВП“…но не за Јокиќ туку за Едвардс, а Србинот се надева дека Денвер може да се врати во серијата! (ВИДЕО)

2485

Никола Јокиќ по третпат ќе биде МВП во НБА, но утринава и тој и неговиот Денвер беа шокирани од повиците од фановите, а се играше во Денвер, и тоа за кошаркарот на Минесота, Ентони Едвардс…“МВП, МВП, МВП“…

Секако дека тоа беа дел од фановите на гостите, но секако дека тоа не беше пријатно за Србинот.

По мечот, во кој Денвер беше поразен и сега има 0:2, самиот Јокиќ истакна:

Се надевам дека можеме да се вратиме во серијата. Одиме таму да се бориме, ќе видиме. Тежок меч за нас, на теренот постоеше само еден тим. Противникот беше поагресивен, не можевме да дојдеме до лесни шутеви“ потенцираше Јокиќ.

ПретходноТен Хаг урна анти – рекорд, ама тој вели: Јас сум вистинскиот човек за Манчестер Јунајтед!
СледноСтрашно: Фудбалер нападнат со киселина! (ФОТО)