Одбиена жалбата на Нотингем, казната останува

91

Независната комисија која ја разгледуваше жалбата на Нотингем Форест за одземените бодови е одбиена, па првичната казна останува правосилна. На „шумарите“ им беа одземени четири бода поради прекршување на финансискиот фер-плеј, па поради тоа поднесоа жалба со надеж дека казната ќе им се преполови, но истата е одбиена.
Тоа значи дека Нотингем Форест на две кола до крајот останува на 17 место на табелата со три бода предност во однос на Лутон кој е на 18. место која значи преселба во Чемпионшип.
Нотингем во следното коло ќе игра дома со Челзи, а потоа му гостува на Барнли.

ПретходноПознати паровите за полуфиналните дуели на Ф4 турнирите во ЛШ
СледноТри победи за македонските тенисери на фјучерсот во Куршумлијска Бања