Енрике по елиминацијата: Фудбалот понекогаш е толку неправеден

211

Борусија Дортмунд е во финалето на Лигата на шампионите. Откако пред шест дена на домашен терен го совлада ПСЖ со 1:0, на реванш средбата исто дојде до триумф на „Паркот на принцовите“ од 0-1, а голот го постигна Хумелс во 50. минута.

Ова ќе биде трето финале во Лигата на шампионите за Борусија. Во првото во 1997 година го победи Јувентус со 3:1, а во 2013 година загуби со 2:1 од Баерн.

„Морам да бидам искрен и да кажам дека моравме да го добиеме натпреварот. Имавме 30 удари кон голот, дури четири пати ја погодивме стативата. Фудбалот понекогаш е толку неправеден“, изјави тренерот на ПСЖ, Луис Енрике за „ТНТ“ по натпреварот и продолжи:

“Честитки за нив. Тие се одличен тим и се надевам дека ќе победат во финалето. Мораме да се регрупираме и да создадеме нешто посебно и да се вратиме следната сезона за да го освоиме ова натпреварување”.

ПретходноБостон и Оклахома поведоа во полуфиналната серија (ВИДЕО)
СледноСветна стадионот „Петар Милошевски“ во Битола (ФОТО)