Играчот од средниот ред на германската репрезентација и еден од најдобрите фудбалери на Баерн Минхен, Џошуа Кимих, останува заинтересиран за трансфер во Барселона. Ова го објави новинарот Феран Кореас.
Според него, Кимих чека да ја види финалната понуда од Барселона. Играчот за врска сака да игра под палката на Чави, кој ги предводи Каталонците. Претходно во медиумите се појави информација дека Кимих се сомнева дека негов трансфер во Барселона е можен, само поради финансиската состојба на клубот.
Актуелниот договор на Кимих со Баерн Минхен е до јуни 2025 година. Според информациите цената која Баерн би ја барал за германскиот репрезентативец не е помала од 60 милиони евра.