Епска реакција на Мбапе: Го прашаа дали ќе навива за Реал Мадрид (ВИДЕО)

269

Килијан Мбапе беше речиси невидлив на двата меча од полуфиналето на Лигата на шампионите против Борусија. Еден од најдобрите светски фудбалери не направи речиси ништо, па ПСЖ остана без финале на култниот лондонски Вембли, каде на крајот неочекувано оди тимот на Дортмунд.

За Мбапе ова беше последен натпревар во Лигата на шампионите во дресот на ПСЖ. Тој веќе најави заминување од Парза на крајот на сезоната и сите очекуваат од лето да биде член на Реал Мадрид.

А токму шпанскиот великан ќе му гостува на Баерн вечерва во реваншот од реванш полуфиналната двојка. Првиот дуел одигран на „Алијанц Арена“ заврши со резултат 2:2, па се е можно, иако обложувалниците за фаворит го сметаат краљевците под водство на Карло Анчелоти.

Мбапе, кој вечерва сигурно ќе го следи својот иден клуб, во микс зона по мечот со Борусија беше прашан дали ќе навива за Реал. Тој имаше епска рекација, ги преврте очите и си замина.

 

ПретходноКузмановски: Меѓусебната поддршка, присуството на Столе и искуството на Лазаров – се доволни за пласман на СП!
СледноЃорческа сигурна во првото коло на фјучрсот Трнава