Кузмановски: Меѓусебната поддршка, присуството на Столе и искуството на Лазаров – се доволни за пласман на СП!

1019

Македонската ракометна реорезентација вечерва (20 часот) во Торшавн против Фарски Острови го игра првиот бараж натпревар за пласман на Светското првенство 2025 година.

Еден од лидерите во нашиот состав против незгодниот противник треба се очекува да биде Филип Кузмановски. Популарниот Фитиљ се прероди во дресот на Пелистер, има одлична сезона и со својот тим е на добар пат да ја одбранат титулата во домашниот шампионат. Неговите добри игри дефинитивно очекуваме да се пресликаат и во националниот дрес.

Кузмановски не крие задоволството што се врати во Пелистер, вели дека поддршката и позитиваната енергија придонеле да заигра онака како што секогаш посакува. А Германија за него е животна лекција.

„Морам да бидам искрен и да кажам дека сум среќен што конечно играм ракомет онака како што сум сакал долго време. Се чуствувам одлично осетив и сфатив дека сум важен дел од екипата на Пелистер, имам голема подршка и доверба од сите околу мене, почнувајќи од тренерот, претседателот, играчите, навивачите и мојата фамилија. Сето ова е позитивна енергија, за да имам одлична сезона и да го покажам мојот квалитет и да го играм мојот најдобар ракомет до сега. Годините и времето поминато во Германија во сите екипи е животна лекција за мене, иако можеби не добив простор за да ги покажам моите квалитети како што посакував, искрено имаше многу позитивни работи и секако и тоа има голема заслуга за она што сум денеска“, ни изјави Кузмановски. 

На сите во тимот им е добро познат капацитетот на Фарски Острови. Но, Кузмановски верува дека многу фактори се на страната на Македонија, затоа очекува токму тие да се радуваат на пласман на ново СП.

„На последното ЕП сите го  видовме квалитетот на Фарски Острови па затоа  знаеме дека играме против квалитетен и доста незгоден противник. Но, според мене желбата да ја претставуваш својата земја на голем турнир како СП, мотивацијата, тимската хемија односно подршката помеѓу нас во тимот, подршката од публиката се најважните работи за ваквите натпревари. Тоа што го имаме и Столе покрај нас, а сите знаеме кој е Столе и неговиот карактер, е многу позитивен момент за сите нас, па затоа заедно сите на чело со селекторот и неговото големо искуство од вакви натпревари можеме да ја поминеме оваа пречка и да се радуваме на пласман на Светско првенство“, порача Кузмановски.

Вториот натпревар се игра на 12. мај во салата „Борис Трајковски“, билетите веќе се пуштени во продажба.

ПретходноВо тешка ноќ првиот човек на ПСЖ зборуваше за Енрике: Дали малку разбираш фудбал?
СледноЕпска реакција на Мбапе: Го прашаа дали ќе навива за Реал Мадрид (ВИДЕО)