Македонската ракометна репрезентација вечерва (20 часот) на гостински терен го игра првиот бараж меч за пласман на СП 2025 година кое ќе се одржи во Хрватска, Данска и Норвешка. „Црвено-жолтите“ на патот до овој Мундија ја имаат селекцијата на Фарски Острови. Противникот е добро познат, а според многумина на првата средба ја има фаворитската улога и покрај тоа што традицијата е на страна на Македонија.
Директен пренос од мечот во Торшавн ќе врши МРТ на својот собраниски канал, оние кои не се во можност да го гледаат дуелот на овој канал, истиот ќе го има и на ЕХФТВ.