Како што попладнево официјално објави раководството на Шкендија, поради големиот интерес за неделното мега – дерби против Струга ТЛ, на кое ќе се решава титулата, утре ќе бидат пуштени во продажба билетите и тоа по 100 денари. Истите ќе се продаваат во канцелариите на клубот кои се наоаѓаат во центарот на градот и тоа до петок. Значи продажбата на билетите ќе се одвива само два дена, во четврток и петок.
Ова се прави со цел да се избегнат гужвите ако се знае дека поради изградба на стадионот под Шара, капацитетот е намален.
Инаку познато е дека во случај на победа на Шкедија, тетовци и официјално ќе ја прослават својата петта шамппионска титула во својата историја во ПМФЛ. Додека ако победат гостите, а Шкупи не слави на Чаирт против Брера, тогаш Струга ТЛ и официјално ќе ја одбрани титулата.
Во секој случај во недела (12 мај) се очекува спектакуларно мега – дерби на кое ќе се решава кој ќе биде шампион на Македонија.
Мечот започнува, како и сите останати од 32.коло, во 17 часот.