Фенер и Олимпијакос последни учесници на Ф4 во Евролигата

313

Кошаркарите на Олимпијакос во прилично неефикасен и чуден натпревар ја победија Барселона со 63:59 на гостински терен и на тој начин дојдоа до 3:2 во четвртфиналната серија и се пласираа на фајналфорот на Евролигата, третпат едноподруго.

Во Барселона вечерва се гледаше многу „тврд“ натпревар, а Олимпијакос „експлодираше“ во последниот период кога успеа да направи недостижна предност која значеше и победа.

Кошаркарите на Фенербахче претходно обезбедија место на Фајнл-фор турнирот во Евролигата, откако како гости го победија Монако во петтиот натпревар од четвртфиналната серија со 80:79.

Мечот донесе вистинска драма затоа што во регуларниот дел немаше победник (70:70). Во продолжението, водството се менуваше, а клучна улога имаше Калатес, кој погоди две клучни тројки и ја украде топката во последниот напад на Монако, што доведе до мртва топка и на крајот победа за Турците.

ПретходноЛШ: Чудесен пресврт во Мадрид, Реал ќе игра ново финале! (ВИДЕО)
СледноОвој човек е уникатен: Анчелоти запеа по победата (ВИДЕО)