ЛШ: Чудесен пресврт во Мадрид, Реал ќе игра ново финале! (ВИДЕО)

320

Во вистински фудбалски спектакл на „Сантијаго Бернабеу“, екипата на Реал (М) со неверојатен пресврт, повторно се спаси од работ на бездната и успеа да избори уште едно големо финале во Лигата на шампионите на УЕФА. Момците на Карло Анчелоти беа пред пораз и елиминација, но со чудесен пресврт за три минути успеаја да дојдат до победа од 2:1 против Баерн (М) и да се пласираат во големото финале на „Вембли“ на 1 јуни.

Баерн (М) беше пред голем успех откако успеа прв да го отвори резултатот со еден фантастичен гол на Алфонсо Дејвис во 68. минута. Голманот на Германците Нојер имаше неколку извонредни интервенции, но по една негова двојна грешка, во 88. минута резервистот Хоселу успеа да израмни на 1:1, а само три минути подоцна истиот фудбалер постигна и втор гол, со кој Реал (М) направи неверојатен пресврт и победа за 18-то финале во ЛШ во својата клупска историја.

„Кралевите“ ќе се обидат по една година пауза повторно да се искачат на европскиот трон. Минатата година беа елиминирани од Манчестер Сити во полуфиналето, но сега не дозволија да им се случи истото.

Во големото финале на 1 јуни, Реал во битката за 15-тиот европски шампионски пехар ќе се бори со Борусија (Д), која по третпат во својата клупска историја ќе игра во финалето, во битка за вториот трофеј во својата клупска историја.

Претходно Шпанија со четири гола на реваншот во Србија, Грција ја шокира Холандија
СледноФенер и Олимпијакос последни учесници на Ф4 во Евролигата