Шпанија со четири гола на реваншот во Србија, Грција ја шокира Холандија

325
Фото: Real Federación Española de Balonmano

Интересни резултати имаме по првиот ден во рамките на бараж мечевите за пласман на СП 2025 година. Дел од репрезентациите ја оправдаа улогата на фаворити, дел не. Една од нив е Холандија, изненадувачки на гостувањето кај Грција беше совладана со 31-27. Ракометарите на нашиот јужен сосед одиграа добро во второто полувреме во кое имаше позитива од три до четири гола предност.

Романија и Чешка одиграа тесен меч, со тоа што домаќинот пропушти шанса да победи со поголема позитива, ако се земе во предвид дека водеше со плус седум во вториот дел (23-26). На крајот Григорас погоди за конечни 31-30.

Шпанија ја победи Србија со 32-28, додека пак најголема победа оствари Исланд славеше против Естонија со 50-35.

ПретходноПознато е каде Марко Ројс ќе ја продолжи кариерата!
СледноЛШ: Чудесен пресврт во Мадрид, Реал ќе игра ново финале! (ВИДЕО)