Ракометарите на Голден Арт славеа со високи 46:36 во денешниот меч од суперлигашкиот плеј-аут над екипата на Вардар Неготино и со тоа се чини ги урнаа сите надежи на гостите во трката за опстанок.
Неготинци на две кола до крајот остануваат со 8 бода зад Куманово и работата во трката за опстанокот за нив е завршена.
Голден Арт ја оствари четвртата победа во разигрувањето откако денеска го имаше одличниот Шилегов кој постигна 11 гола. Кај гостите Орешков беше најпрецизен со 15 погодоци.