Словенечката машка ракометна репрезентација претрпе изненадувачки пораз во првиот бараж меч со Швајцарија за пласман на СП 2025 година. Словенците загубија дома во Копер од Швајцарците со 26:27.
Овој пораз беше сосема неочекуван, бидејќи Словенците наши фаворити. Реванш мечот се игра во недела и избраниците на Урош Зорман мора да се потрудат да дојдат до пресврт победа на гости.
Унгарците се чини немаа проблеми на гостувањето кај Литванија и со 33:26 дојдоа до победа која им гарантира место на завршницата на планетарниот собир. До место на Сп многу блиску е и Словачка која направи сензација со победата над Полска на гостински терен со 27:26. Ако Словаците ја повторат оваа партија и дома ќе обезбедат место на завршницата на шампионатот.