КЛ: Олимпијакос и вторпат ја преслуша Астон Вила за финале!

126

Фудбалерите на Олимпијакос и се приклучија на Фиорентина во големото финале на Конференциската лига на УЕФА, откако вечерва на реванш средбата со Астон Вила во полуфининалето и вторпат славеа, овој пат со 2:0.

Грците мотивирани, успеаја уште по само 10 минути игра да го отворат резултатот. Ел Каби погоди во мрежата на Англичаните и потврди дека Олимпијакос е цврсто решен да игра во големото финале на 29 мај на АЕК Арената во Атина. Истиот фудбалер во завршницата постигна и втор гол со што само ја потврди домашната победа.

Англичаните иако беа големи фаворити во овој полуфинален двомеч, очигледно беа далеку од финалето.

ПретходноБорусија (Д) без разлика на резултатот во финалето ќе „лапне“ голем бонус
СледноЛЕ: Рома водеше со 0:2 и не успеа да го победи Баер, Аталанта моќно со Марсеј