Борусија (Д) без разлика на резултатот во финалето ќе „лапне“ голем бонус

730

Без разлика дали ќе ја освои Лигата на шампионите на 1 јуни во Лондон, екипата на Борусија Дортмунд ќе добие бонус. Имено, играчот на Реал (М), Џуд Белингем кој од Дортмунд замина во Шпанија, во договорот за трансфер има посебна клаузула според која доколку ја освои Лигата на шампионите, „жолто-црните“ ќе треба да добијат дополнителни 5 милиони евра.

Претходно во медиумите се појави информација дека клубот од Дортмунд може да добие 25 милиони евра доколку Реал ја освои Лигата на шампионите, но според новинарот на Скај, Патрик Бергер, бонусот во зделката на Белингем за освојување на ЛШ е помал.

ПретходноРакометна сензација: Италија ја прегази Црна Гора во првиот бараж меч
СледноКЛ: Олимпијакос и вторпат ја преслуша Астон Вила за финале!