Ракометна сензација: Италија ја прегази Црна Гора во првиот бараж меч

1711

Ракометната репрезентација на Италија направи вистинска сензација во баражите за СП 2025 откако вечерва на домашен терен ја прегази Црна Гора со 32:26. Италијанците кои никој не ги сметаше за кандидати за место на ракометниот мундијал, вечерва направија резулат кој пред реваншот во Црна Гора им дава зрели шанси да стигнат до завршницата на првенството.

За разлика од Црна Гора, селекцијата на Португалија не дозволи изненадување. На домашен терен Португалците дојдоа до убедлива победа од 29:19 против селекцијата на Босна и Херцеговина, па реваншот ќе биде само формалност.

ПретходноТајсон јаде „живо месо“ како дел од подготовката за борбата со Пол
СледноБорусија (Д) без разлика на резултатот во финалето ќе „лапне“ голем бонус