Никола Јокиќ е најкорисен играч во НБА, објави и официјално лигата. За 29-годишниот српски центар ова е трета ваква награда, највредна од сите поединечни. Првата ја освои во сезоната 2020/21, следната веднаш потоа.
Од вкупно 99 гласови, 79 отидоа на сметката Јокиќ, тоа му донесе дури 926 поени на Србинот и на крајот заврши убедливо како најдобар пред второпласираниот Шеј Гилџус-Александер додека Лука Дончиќ беше третопласиран.
Тој годинава забележа 26,4 поени, 12,4 скока и 9 асистенции, заедно со 1,4 украдени топки и 0,9 блокади. Тој шутираше одлични 58% од поле, 36% за три поени, додека 82% од обидите ги реализираше од линијата за слободни фрлања.
Неговиот Денвер на крајот од сезоната заврши со скор од 57 победи и 25 порази и имаше идентичен биланс како Оклахома.
Денвер сега ги чека пеколен предизвик да го одбранат тронот затоа што во полуфиналето на Западот губат со 2-0 од Минесота.
Nikola Jokic got 79/99 1st place votes for MVP. pic.twitter.com/TkaiXPbViV
— Harrison Wind (@HarrisonWind) May 8, 2024