Шек в лице му кажа на Јокиќ дека не ја заслужува наградата МВП (ВИДЕО)

359

Никола Јокиќ по трет пат е најкорисен играч во НБА. Легендарниот Шекил О’Нил беше разочаран од победата на Јокиќ, а потоа не го криеше и во вклучувањето во живо му кажа на српскиот центар:

“Знаеш дека те сакам, ти си најдобар играч во лигата. Сакам да ти честитам. Но сакам прво да го слушнеш ова од мене: Мислам дека SGA ( Шаи Гилџус-Александер) требаше да биде МВП, тоа не е непочитување кон тебе“, му рече О’Нил директно на Јокиќ и додаде:

„Не сакам да им ја расипувам забавата на луѓето, но не сум задоволен со ова. Шаи заслужува награда“.

Јокиќ имаше одговор: “Фала, Шек. Овде не ги осудуваме луѓето, па знаеш дека е во ред. Тоа е твое мислење. Не, сериозно. Мислам дека има многу играчи кои го заслужуваат тоа. Знаете, веројатно се мали нешта и ситници. Но да, имавме тешко време. Загубивме два натпревари по ред дома. Утре одиме во Минесота за да се обидеме да ја вратиме серијата во Денвер“. 

ПретходноНикола Јокиќ по третпат e МВП во НБА-лигата
СледноАнчелоти: Баерн се жали за судењето? Океј, тогаш и ние ќе се жалиме!